• сабота, 23 ноември 2024

МИА Најави МКД (ДПЛ)

МИА Најави МКД (ДПЛ)
6 ноември 2020  Скопје - Собранието на Република Северна Македонија ќе ја одржи 20-та седница. (Голема сала/12:00) Скопје - Претседателот на Собранието, Талат Џафери ќе одржи средба со италијанскиот амбасадор Н.Е.Андреа Силвестри. (Стар кабинет/11:00) Скопје - Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, министерот за економија Крешник Бектеши, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на Национални енергетски ресурси Бајрам Реџепи ќе направат увид на работните активности на магистралниот гасовод Скопје – Тетово - Гостивар. (https://goo.gl/maps, во близина на Семениште, да се оди преку Сарај, Глумово, Матка/12:00, изјави за медиуми после увидот) Анталија - Министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Бујар Османи ќе учествува на неформалниот состанок на министри за надворешни работи на земјите членки на ПСЈИЕ. Скопје - Министерката за образование и наука Мила Царовска, ќе присуствува на промоцијата на публикацијата “Методологија за прераспределба на општинските буџети за основните училишта” ( Клуб на пратеници/12:30 изјава за медиуми, настанот ќе биде пренесуван и виртуелно на линк: https://zoom.us/j/91378362581?pwd=SkViTUd3RVVtZ3JMWmFPcFhmS3lPZz09) Скопје - Министерот за здравство  Венко Филипче и директорката на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби д-р Милена Стевановиќ ќе одржат заедничка прес-конференција. (пред Министерство за здравство./13:00) Скопје - Прес-конфернција на пратеничката на СДСМ, Даниела Маркоска. (седиште на СДСМ/12.00) Скопје - Конференција „Конзервативни народни партии - градење мостови кон заедничка иднина во ЕУ” во организација на Фондација Конрад Аденауер. (х.„Хилтон“/15:00, изјави за медиуми 14:40) Скопје - Државната комисија за спречување на корупцијата ќе ја одржи 40-та седница. (10:00/https://zoom.us/j/98137654129?pwd=Vk01Mm1ybGlVZkl1U1gvSHhQUFdFUT09) Скопје - Рурална Коалициjа ќе одржи прес-конференција на која ќе ги презентира достигнатите резултати и изготвените препораки во рамките на проектот Родовата еднаквост - клуч за економски силна рурална заедница. (Пред МЗШВ/11:00)  Скопје - Виртуелна панел дискусија на тема "Туризмот во време на кризата од Ковид-19" како дел од проектот CulTours – Културни тури во Западен Балкан. (од 14 до 15.30 ч. на zoom: https://us02web.zoom.us/j/86937442718 ) Скопје - Македонска Народна Партија - МНП ќе одржи прес-конференција. (Пред Амбасадата на Република Бугарија/14:00)  Скопје - Втора серија на работилници како дел од проектот „Мајсторски работилници по актерска игра и режија“ во организација на Театарот на Навигаторот Цветко и Кино Култура. (18:00) Скопје - Промоција на книгата (КАЛЕИДО)СКОПСКИ ШЕМИ од Љубомир Грбевски. (р.„Пелистер“/11:00)   Скопје - Промоција на книгата „Македонизам во илинденската епоха – факти и аргументи“ од Михајло Миновски. (Простории на Социјалистичка партија на Република Македонија/12:00) Скопје - Концерт на Гордана Јосифова Неделковска – обоа во рамки на фестивалот „Есенски музички свечености 2020”. (Национална опера и балет/19:00) Скопје - Премиера на проектот „Дестинација: Скопје-Габрово“ на видео театар на Македонскиот центар на ИТИ/ПРОДУКЦИЈА (19:00/https://www.facebook.com/events/652261578751650/) _________________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан