• недела, 06 октомври 2024
МИА Најави - МКД (ДПЛ)
22 јули 2022 Скопје – Собранието на Република Северна Македонија ќе ја одржи 79-та седница. (Сала „Македонија“/ 11:00) Скопје – Седница на собраниската Комисија за одбрана и безбедност. (Сала 6/ 10:00) Скопје – Седница на собраниската Законодавно-правна комисија. (Сала 4/ 10:15) Скопје – Седница на собраниската Комисија за здравство. (Сала 4/ 13:00) Скопје - Министерот за економија Крешник Бектеши ќе одржи брифинг за новинари за мерките кои што беа донесени на последната седница на Владата. (во просториите на Министерството за економија, сала на 1 кат/ 11:30) Табановце – Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски ќе оствари работна средба со министерот за градежништво, транспорт и инфраструктура на Република Србија, Томислав Момировиќ. (изјави за медиумите на ГП Табановце/11:30) Скопје – Заедничка прес-конференција на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски и директорот на АФПЗРР, Никица Бачовски, на која ќе го презентираат новиот повик за мерка 3 од ИПАРД 2 програмата. (во холот на МЗШВ/ 10:00) Демир Капија - Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска и градоначалникот на Општина Демир Капија Лазар Петров ќе ја посетат новоотворената организациска единица за живеење со поддршка при ЈУ Специјалниот Завод- Демир Капија. (12:00) Скопје - Независната угостителска комора ќе одржи прес-конференција. (Пред Министерство за економија/11:00) 

Свети Николе - Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски заедно со градоначалникот на општина Свети Николе, Дејан Владев во рамки на активноста „Промените се случуваат, секогаш со народот“, ќе извршат увид на градежните работи на детското катче во Градскиот парк во Свети Николе. (12:00 часот/ изјава за медиумите 12:15) 

Тетово - Прес-конференцијата на Алијанса за Албанците. (Седиште на партијата/14:00) Штип – Настан со цел да се информираат граѓаните за можностите за бесплатна правна помош и да се осигури подобра искористеност и пристап до овие услуги. (пред градскиот пазар во Штип/ 9:00) Охрид – Прес-конференција со светски познатиот виолинист Стефан Миленковиќ. (на терасата на х. „Инекс Олгица“/ 11:00) Скопје - Претпремиера на филмот Gipsy Queen. (Градски парк, „Школка“/ 20:30) Скопје – Света заупокоена литургија во храмот „Св. Наум Охридски“ во Радишани. (8:00) __________________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***
vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан