• недела, 28 јули 2024

МИА Најави МКД (ДПЛ)

МИА Најави МКД (ДПЛ)
25 март 2022 Скопје – Седница на собраниската Комисија за економски прашања. (Сала „Борис Трајковски“/11:00) Скопје – Претседателот Стево Пендаровски ќе присуствува на свечената церемонија по повод доделување Орден за заслуги и Повелба на Република Северна Македонија. (Филхармонија/12:00 и во живо на дигиталните платформи на претседателот Facebook страницата и наYouTube каналот, пристигнување на медиумите/11:15) Струмица – Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во работна посета на СВР Струмица, по што ќе се сретне и со градоначалникот на Општина Струмица, Костадин Костадинов. (12:00, изјави за медиумите пред Општина Струмица/12:40) Скопје – Министерот за економија Крешник Бектеши и министерот за енергетика на Република Бугарија, Александар Николов ќе одржат онлајн прес-конференција. https://www.youtube.com/watch?v=Q75hRbtjkRQ/13:00) Скопје - Министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска ќе ги додели сертификатите на првата група социјални ментори (ментори за работна интеграција) од Република Северна Македонија. (х.„Солун“/15:00)  Тетово - Министерот за образование и наука Јетон Шаќири ќе ја посети компанијата „БФМ компани“. (локација https://goo.gl/maps/gMW2tbYSjE95cSZ28 /изјава за медиуми во дворот на компанијата/15:00) Скопје - Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска ќе изврши увид во работните активности на новиот мост на булеварот „АСНОМ“. (11:30)  Скопје – Дебата на тема „Западен Балкан и ЕУ во контекст на новите безбедносно-политички предизвици“ во организација на Германската амбасада. (Европска куќа/9:00) Скопје – Брифинг на Националната мрежа против хомофобија и трансфобија. (Социјален центар Комитет, приземје на катна гаража Беко/10:00) Скопје – Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“ и Здружението на граѓани ,„Центар за рамноправно родителство – Децата пред се“ ќе одржат прес-конференција. (р.„Ореов лад“/11:00) Штип – Одбележување 15 години Универзитет „Гоце Делчев“. –Положување на свежо цвеќе на споменикот на Гоце Делчев (11:00) –Пријателски универезитетски натпревари (Сала „Јордан Мијалков“/12:00) Скопје – Научни средби на тема „Македонско музичко творештво-сегашност и минато“ во организација на Сојуз на композиторите на Македонија – СОКОМ. (Музеј на македонската борба/10:00) Скопје – Промоција на книгата „Во дијалог“ – визуелна и применета ликовна програма на КСП Центар-Јадро (2020-2021). (Кафе книжара Буква/20:00) Скопје – Промоција на дигитално реставрираната верзија на „Мирно лето“ на блуреј диск на Димитрие Рули Османли. (Кинотека на Македонија/12:00) Скопје – Изведба на балетот „Лебедово езеро“. (Национална опера и балет/20:00) Скопје – Музичко-поетски и визуелен перформанс „Диши љубов“. (Филхармонија, концертна сала/20:00) Скопје – Гејминг натпревар „MESA Spring Fest “ во организација на Македонската Еспорт Асоцијација. (Факултет за информатички науки и компјутерстко инженерство – ФИНКИ/15:00) _________________________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан