• недела, 01 септември 2024
МИА Најави МКД 
22 мај 2020 Прилеп - Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и директорот на ЈП за државни патишта, Зоран Китанов ќе извршат увид во рехабилитацијата на државниот пат Градско-Прилеп, делница Раец-Фариш. (Изјави за медиуми/13:00 на еден километар од Раец) Скопје - Прес-конференција на Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) на која ќе бидат презентирани резултатите од јавниот повик за кофинансирани грантови за технолошки развој. (Медија центар на Влада/12:00) Скопје - Прес-конференција на тема „Презентација на клучните наоди од „Студијата за ефектите предизвикани од КОВИД-19 врз туристичко угостителскиот сектор, со препораки за справување со економските ефекти“ во организација на Стопанската комора на Македонија. (Тераса на х.„Холидеј Ин“/10:00) Скопје - Крводарителска акција во организација на Општина Кисела Вода во соработка со Црвениот крст. (Сала на Советот на Општина Кисела Вода/11:00 до 15:00) Скопје - Онлајн претстава „Грев или шприцер“ од Сашко Насев, во режија на Деан Дамјановски во изведба на Драмски театар Скопје. (На Јутјуб каналот на Драмски театар/20:00)

Скопје - Настап на пет актери од Театар комедија на вонредната сцена во дворот на театарот. (Вклучување во живо на Фејсбук на Театар комедија/20:30)

_________________________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан