МИА добитник на Наградата за филантропија за 2021 година
- Медиумска информативна агенција - МИА е добитник на Наградата за филантропија за 2021 година во категоријата „Награда за медиум за посебен придонес кон развој на филантропските практики во Ма
![МИА добитник на Наградата за филантропија за 2021 година](https://new.mia.mk/index.php/images/20221112130701_big_730x400_89.webp )
Скопје, 22 февруари 2022 (МИА) - Медиумска информативна агенција - МИА е добитник на Наградата за филантропија за 2021 година во категоријата „Награда за медиум за посебен придонес кон развој на филантропските практики во Македонија“.
Наградата свечено ќе и биде доделена денеска во 12:30 часот во М6 Едукативен центар во Скопје.
Наградите за филантропија се реализираат во рамки на проектот SIGN Up for Impact (SUfI) имплементиран од организациите-членки на SIGN – регионалната мрежа на локални фондации од Западен Балкан, а финансиран од Европската унија и Балканскиот фонд за демократија. вј/сп/