• четврток, 26 декември 2024

МЗ: 72 отсто од новите случаи и 78 проценти од хоспитализираните со Ковид 19 се невакцинирани

МЗ: 72 отсто од новите случаи и 78 проценти од хоспитализираните со Ковид 19 се невакцинирани
Скопје, 5 ноември 2021 (МИА) -Во период од 6 август до 4 ноември на територијата на државава како позитивни на Ковид-19 се потврдени 48.955 граѓани. Од нив 28 отсто, односно 13.886 лица, биле целосно вакцинирани. Голем е бројот на невакцинирани граѓани кои се заразиле со Ковид-19. Според статистиката за изминативе два месеци, 35.069 граѓани, односно 72 отсто, од позитивните на Ковид-19 не биле вакцинирани. Процентот на хоспитализирани лица кои се невакцинирани изнесува 78 отсто, додека само 22 отсто од сите моментно хоспитализирани пациенти се целосно вакцинирани. Смртноста кај невакцинираните е драстично поголема. Ова го покажува анализата на вакцинирани од позитивни случаи со Ковид-19, што денеска ја објави Министерството за здравство за период од 6 август заклучно со 4 ноември. За вакцинирани, како што се посочува, се сметаат лицата кои се вакцинирани со две дози и поминале најмалку 14 дена од примање на втора доза вакцина. Во период од 6 август до вчера (4 ноември) на територијата на државата починале 1.688 пациенти со Ковид-19. Од нив 1.376 пациенти односно 82 отсто не биле вакцинирани, а само 18 отсто, односно 312 примиле вакцина. Според анализите, починатите имале повеќе комбинирани хронични заболувања. Пациентите биле вакцинирани со сите типови вакцини кои ги има на располагање кај нас. Секоја вакцина која ја имаме на располагање е безбедна, информираат од Министерството и апелираат граѓаните да се вакцинираат, бидејќи само така ќе дојдеме до колективен имунитет и ќе спречиме ширење на мутации на СарсКов2. рп/сп/

Остани поврзан