• четврток, 19 декември 2024

МЗ: Преземени се потребните чекори согласно доказите и клиничката слика на шестгодишната пациентката од Битола

МЗ: Преземени се потребните чекори согласно доказите и клиничката слика на шестгодишната пациентката од Битола

Скопје, 3 април 2023 (МИА) - Според анамнезата, клиничкиот преглед и работната дијагноза преземени се соодветни чекори во однос на анализи, третман и опсервација на пациентката, констатираше Комисијата за стручен надзор во извештајот за случајот со лекувањето на 6-годишната пациентка Ј.Х. во Клиничка болница во Битола.

- Од анамнезата има податок за прележан ковид пред шест месеци. По направените лабораториски анализи наодите укажувале на мускулно-воспалителна реакција со покачени вредности на креатин киназа и креатин киназа MB, во рамки на вирусен инфект кој го зафатил и срцевиот мускул со покачена вредност на срцевиот ензим-тропонин, соопшти Министерството за здравство (МЗ). 

По влошување на состојбата, се вели во соопштението, заклучок на Комисијата е дека се преземени потребните чекори, согласно медицина базирана на докази и клиничката слика на пациентката.  

Комплетниот извештај од Комисијата за стручен надзор ќе биде проследен до Јавното обвинителство. вј/сп/

 Фото: МИА архива

Остани поврзан