• четврток, 26 декември 2024

МЗ: За два дена аплицирани 4.418 вакцини, 38 отсто од популацијата вакцинирана

МЗ: За два дена аплицирани 4.418 вакцини, 38 отсто од популацијата вакцинирана
Скопје, 10 октомври 2021 (МИА) - Во петокот и вчера се аплицирани вкупно 4.418 вакцини, од кои како прва доза се аплицирани 1.132, а ревакцинирани се 3.129. Трета доза примиле 157 граѓани. Заклучно со 9 октомври вкупно се вакцинирани 795.186 граѓани, ревакцинирани се 748.563, а трета доза примиле 782 граѓани. 53 проценти од граѓаните над 40-годишна возраст се ревакцинирани, а 33 отсто од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина. - Опфатот со вакцинација со една доза вакцина, на полнолетната популација е 47 посто , а со две дози опфатени се 45 проценти од граѓаните над 18 години. Според бројот на аплицирани вакцини, 38 отсто од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 35 проценти од популацијата во државата примила две дози вакцина, соопшти денеска Министерството за здравство. мс/бак/

Остани поврзан