• четврток, 26 декември 2024

МЗ: Демири имаше прва официјална средба со Јохансен

МЗ: Демири имаше прва официјална средба со Јохансен

Скопје, 20 февруари 2024 (МИА) - Министерот за здравство во техничката Влада, Илир Демири оствари прва официјална средба со Ане Јохансен, специјалната претставничка на Светската здравствена организација за Северна Македонија и шефица на Канцеларијата на СЗО во Скопје.

Како што се наведува во денешното соопштение на Министерството за здравство, Демири и Јохансен дискутирале за заедничките приоритети од областа на здравството и за активностите што ќе се спроведуваат во рамките на двегодишниот договор за соработка меѓу СЗО и ова министерство, за периодот 2024 - 2025 година.

- На средбата, се истакна потребата за продолжување на заедничките активности за обезбедување универзална здравствена покриеност на населението и овозможување подобар пристап на пациентите кон здравствена заштита, преку подобрување на функционирањето на институциите во здравствениот сектор, продолжување на реформите во примарната здравствена заштита, засилување на активностите за превенција од незаразните болести и што поскоро, усвојување на националните планови и законски регулативи, подготвени со поддршка на СЗО, се додава во соопштението на Министерството за здравство.

Демири се заблагодарил за целокупната поддршка што СЗО ја дава на Министерството за здравство и изразил подготвеност за продолжување на понатамошната успешна соработка. бд/са/

Фото: Министерство за здравство

Остани поврзан