• четврток, 26 декември 2024

МЗ во Газа: Индонезиската болница во Појасот се претвори во масовна гробница

МЗ во Газа: Индонезиската болница во Појасот се претвори во масовна гробница

Газа, 21 ноември 2023 (МИА) - Индонезиската болница во Газа е претворена од медицински центар во „масовна гробница“, соопшти денеска портпаролот на Министерството за здравство, Ашраф ал Кудра, пренесуваат американските медиуми.

Повикувајќи се на персоналот на болницата, портпаролот рече дека има трупови во сите одделенија и дека многу животи се изгубени поради недостиг на залихи.

-Пред мртовечницата има 60 тела, рече Ел Кудра.

Тој додаде дека тие ќе бидат погребани во дворовите во болницата. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан