• четврток, 19 декември 2024

МЗ: Веднаш постапивме за шестмесечната платена пракса на младите лекари

МЗ: Веднаш постапивме за шестмесечната платена пракса на младите лекари

Скопје, 7 март 2024 (МИА) - Министерството за здравство веднаш има постапено во однос на законските обврски што ги има во делот за шестмесечна платена пракса на младите лекари, кои ќе бидат ангажирани во вакциналните пунктови и во Итната медицинска помош при здравствените домови на територија на целата држава, соопштуваат попладнево од Министерството.

- Националната комисија за имунизација во својот заклучок препорачува што побрзо вклучување на младите лекари во процесот на имунизација, односно лекарите кои извршуваат задолжителен стаж по дипломирањето да се вклучат во пребарувањето на невакцинираните деца, нивното повикување, како и евидентирање на вакцинацијата во електронскиот систем, додека пак лекарите кои извршуваат платена пракса по добивање лиценца, дополнително да се вклучат и во спроведувањето на вакцинацијата во оние вакцинални пунктови каде постои потреба од дополнителен кадар, сѐ со цел непречено спроведување на вакцинацијата, се наведува во соопштението на МЗ.

За овој заклучок од Националната комисија за имунизација, како што се додава, министерот за здравство во техничката Влада, Илир Демири информирал на седница на Владата, по што било испратено до Министерството за финансии и се чека одговор од ДКСК поради, се истакнува во соопштението, предизборниот период. бд/дма/

Фото: МИА архива

Остани поврзан