• среда, 25 декември 2024

МЗШВ со апел до земјоделците за навремено преземање мерки за заштита на овошните насади поради ниските температури

МЗШВ со апел до земјоделците за навремено преземање мерки за заштита на овошните насади поради ниските температури

Скопје, 27 март 2023 (МИА) - Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Управата за хидрометеоролошки работи ги информираат земјоделците дека во наредните денови 29 и 30 март (среда и четврток) земјата ќе биде зафатена од ниски температури под нулата.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство апелира до земјоделците навремено да преземат мерки за заштита на овошните насади од измрзнување.

- Минималните температури на 29 март ќе изнесуваат минус 5 степени во Крива Паланка,  минус 4 во Ресен и Битола, минус 3 во Прилеп и Тетово, минус 2 во Скопје, Струмица и Кочани, минус 1 во Демир Капија и Штип, додека нула степени ќе биде минималната температура во Кавадарци. За 30 март пак минималната температура ќе изнесува минус 4 степени во Крива Паланка, минус 3 во Битола, минус 2 степени во Струмица, Ресен и Тетово, а минус 1 во Скопје и Прилеп, посочуваат од МЗШВ. фф/сп/

Фото: МЗШВ

Остани поврзан