• среда, 25 декември 2024

МЗШВ: Земјоделците од Чифлик на првото Собрание на учесници дадоа поддршка за започнување на процесот за консолидација на земјоделското земјиште

МЗШВ: Земјоделците од Чифлик на првото Собрание на учесници дадоа поддршка за започнување на процесот за консолидација на земјоделското земјиште

Скопје, 2 јули 2023 (МИА) - Успешно заврши првото Собрание на учесници во село Чифлик, кое се одржа вчера вечер, каде мнозинството земјоделци дадоа силна поддршка за започнување на процесот за консолидација на земјоделското земјиште и планирање на новата земјоделска инфраструктура, информираат денеска од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Како што појаснуваат од МЗШВ, консолидацијата во Чифлик е дел од проектот “Унапредување на консолидацијата на земјиште во Северна Македонија" со вкупен буџет од 1.2 милиони евра, финансиски поддржан до Европската Унија и ко-финансиран и спроведен од страна на ФАО, а под раководоство на МЗШВ, кој опфаќа консолидација на повеќе 1.200 земјоделски парцели.

-Бенефитите за земјоделците од успешно завршен процес на консолидација се многукратни, па така земјоделците добиваат окрупнување на земјиштето, изградба на нови и обнова на постојните пристапни патишта до нивите, како и рехабилитација на каналите за одводнување и наводнување. Северна Македонија е земја лидер во регионот по спроведување на процесот за консолидација на земјоделското земјиште. Претходниот проект за консолидација Маинланд заврши со 99 отсто реализација и консолидирани земјишни парцели во девет подрачја: Конче, Егри, Логоварди, Оптичари, Трн, Дабјани, Кожле, Соколарци и Спанчево, се вели во денешното соопштение од Министерството.

Заедно со нашите партнери во реалиација на процеснот на консолидација, ЕУ и ФАО, додаваат од МЗШВ, ја подготвивме и новата Национална стратегија за консолидација на земјиште 2022-2030 година. Новата стратегија ја одразува нашата определба да продолжиме да ја намалуваме расцепканоста на земјоделското земјиште и малата површина на земјоделските стопанства. сст/аа/

фото МЗШВ

 

Остани поврзан