• среда, 27 ноември 2024

МЗШВ: За подобрување на отпорност кон поплави на Полошкиот крај стабилизирани шест свлечишта, ќе се пошумува и во НП „Шар“

МЗШВ: За подобрување на отпорност кон поплави на Полошкиот крај стабилизирани шест свлечишта, ќе се пошумува и во НП „Шар“

Скопје, 29 февруари 2024 (МИА) - Одржливост на проектот „Подобрување на отпорноста кон поплави во Полошкиот регион" и заштита на населението и животна средина во овој регион којшто е исклучително изложен на ризици од поплави, свлечишта и други природни непогоди, може да се постигне само со максимално вклучување на сите засегнати страни, особено локалните власти и населението преку подигнување на свеста и развивање на позитивни навики и однесувања во однос на управувањето со отпад, заштитата на шумите и сл.  

Ова, како што соопшти МЖСПП, е заедничкиот став на 5-тиот состанок на проектниот одбор на проектот за Полошкиот регион, финансиран од Владата на Швајцарија, а имплементиран од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и Министерството за животна средина и просторно планирање, а на кој учествуваа министерката за животна средина и просторно планирање во техничката Влада Каја Шукова, швајцарската амбасадорка Вероник Улман и постојаниот претставник на УНДП Армен Григоријан.

На состанокот се направи пресек на реализираните активности во изминатата година и се презентираа плановите за наредната за проектот кој е повеќегодишен, повеќекомпонентен и комлексен. Во 2023 година, се посочува, се реализираа повеќе активности во рамки на различните компоненти на проектот.

-Во делот на реализација на мерки за урбана отпорност се елаборираа зафатите за чистење на атмосферската мрежа во градот Гостивар и изградба на атмосферска мрежа во градот Тетово. Во делот на стабилизација на свлечишта беа претставени реализираните  проекти:  стабилизација на свлечиштето во Сенакос, стабилизација на свлечиштето во Ломница, стабилизација на свлечиштето во Долна Лешница, стабилизација на свлечиштето во Старо Село, стабилизација на свлечиштето во Пирок и свлечиштето во Јеловјане и стабилизација на свлечиште во ХЕЦ Пена, наведуваат од МЖСП.

Во рамки на третата компонета, пошумување како анти-ерозивна мерка, вкупно пошумената површина до 2023 година изнесува 41 ха, а ЈП Национални шуми обезбеди 5.000 садници за пошумување во Националниот парк Шар на површина од 2 ха во Селце што ќе се спроведе во тековната година. Исто така, беа претставени и планираните активности за тековната година.

Проектот „Подобрување на отпорноста кон поплави во Полошкиот регион" се спроведува во континуитет од 2017 годнина, а за негова реализација Швајцарија обезбеди над 13 милиони долари. вг/дма/

Фото: МЗШВ

 


 

Остани поврзан