• сабота, 28 декември 2024

МЗШВ: За оризопроизводителите уште шест дена трае рокот за аплицирање за поддршка при набавка на комбајн или сушара за ориз

МЗШВ: За оризопроизводителите уште шест дена трае рокот за аплицирање за поддршка при набавка на комбајн или сушара за ориз
Скопје, 1 јули 2022 (МИА) - Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство преку соопштение ги потсетува земјоделците дека на 6 јули истекува рокот за аплицирање на јавниот повик за финансиска поддршка при набавка на специјализирани комбајни за жнеење на ориз со сецкалици и мобилни сушари за ориз. Овој јавен повик, како што посочуваат, се распишува преку програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2022 година, мерка 121 Инвестиции за модернизација на земјоделски стопанства. Преку оваа мерка го олеснуваме производството на ориз, директно помагајќи го земјоделецот. Финансиската поддршка која се обезбедува преку овој јавен повик изнесува 3.500.000 денари по корисник. Можност да аплицираат имаат сите земјоделски стопанства запишани во ЕРЗ системот на министерството, согласно законот за земјоделство и рурален развој. Барањата се поднесуваат електронски по извршена регистрација на e-baranje.ipardpa.gov.mk. Критериум кој барателот треба да го исполни е да располага со минумум производствен капацитет од над еден хектар површина под ориз, информираат од Министерството. Јавниот повик за финансиска поддршка при набавка на специјализирани комбајни за ориз и мобилни сушари за ориз беше објавен на 6 јуни од страна на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (АФПЗРР) и е достапен на следниот линк: https://ipardpa.gov.mk/Root/mak/vest_dolga_mak.asp?VestiID=3114 Од МЗШВ потенцираат дека заинтересираните земјоделелци повеќе информации за јавниот повик може да добијат на веб страната на АФПЗРР и во подрачните единици на министерството. рп/са/

Остани поврзан