• среда, 25 декември 2024

МЗШВ ги повикува земјоделците да аплицираат за директни плаќања за производството на домашен лозов и овошен саден материјал 

МЗШВ ги повикува земјоделците да аплицираат за директни плаќања за производството на домашен лозов и овошен саден материјал 

Скопје, 23 јуни 2023 (МИА) - Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги повикува земјоделците навремено да аплицираат за директни плаќања за производството на домашен лозов и овошен саден материјал.

- Како корисници на оваа подмерка се јавуваат правни лица запишани во Регистарот на снабдувачи за саден материјал, кои имаат произведен лозов и/или овошен саден материјал во 2023 година, согласно Закон за семенски и саден материјал за земјоделски растенија и имаат добиено сертификат за конечно сертифициран саден материјал, се наведува во соопштението на МЗШВ.

Од Министерството се посочува дека директните плаќа кај подмерката 1.16 се однесуваат за произведени, продадени, како и потрошени за сопствени потреби домашни лозови и/или овошни садници најдоцна до 30 април 2023.

- Висината на директните плаќања изнесува 30 денари по лозов и 35 денари по овошен садник од категоријата САС (стандарден) саден материјал за произведени и продадени садници, вклучително и садници употребени за сопствени потреби. Висината на директните плаќања изнесува 35 денари по лозов и 40 денари по овошен садник од повисока категорија на сертифициран саден материјал за произведени и продадени садници, вклучително и садници употребени за сопствени потреби, посочуваат од МЗШВ.

Според Министерството, прифатливиот број на овошни култури по хектар, кои ќе бидат прифатливи за потрошениот саден материјал за сопствените потреби, е даден во Табела за минимален број на овошки-садници по хектар за постоечки производни овошни насади по овошни видови во Прилог 5 од Уредбата за поблиските критериуми за директни плаќања, корисниците на средствата, максималните износи и начинот на директните плаќања за 2023 година.

- Прфатлив број на лозови садници кои ќе бидат прифатливи за потрошениот саден материјал за сопствени потреби е 1.389 садници по хектар. МЗШВ ги потсетува земјоделските стопанства дека крајниот рок за поднесување на апликации за субвенции за 2023 година за растително и сточарско производство е до 30 јуни 2023 година. Земјоделците барањата можат да ги достават секој работен ден во канцелариите на подрачните единици на МЗШВ, или електронски преку веб страната на Платежната Агенција, се додава во соопштението на Министертсвото. сп/

Остани поврзан