• сабота, 21 декември 2024

МЗШВ ги повика земјоделците да аплицираат за директни плаќања за производство на предосновен и основен семенски материјал за житни култури 

МЗШВ ги повика земјоделците да аплицираат за директни плаќања за производство на предосновен и основен семенски материјал за житни култури 

Скопје, 24 јуни 2023 (МИА) - Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) ги повикува земјоделците навремено да аплицираат за директни плаќања за производство на предосновен и основен семенски материјал за житни култури.

Како што се наведува во соопштението, корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства запишани во Регистарот на снабдувачи на семенски материјал, и кои имаат произведен и продаден предосновен и основен семенски материјал за житни култури во 2023 година, согласно Законот за семенски и саден материјал за земјоделски растенија.

Висината на директните плаќања за произведен и продаден предосновен семенски материјал изнесува 20 денари по килограм, а за основен семенски материјал изнесува 10 денари по килограм.

Ги потсетуваме земјоделците дека крајниот рок за поднесување на апликации за субвенции е до 30 јуни 2023. Земјоделците барањата можат да ги достават секој работен ден во канцелариите на подрачните единици на МЗШВ или електронски преку веб страната на Платежната Агенција. ев/

Остани поврзан