• среда, 25 декември 2024

МЗШВ ги демантира информациите во врска со трошоците на министерот Арјанит Хоџа

МЗШВ ги демантира информациите во врска со трошоците на министерот Арјанит Хоџа
Скопје, 13 април 2021 (МИА) - Од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги демантираат информациите во врска со трошоците кои министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа, наводно ги направил за време на неговиот мандат, информираат од Министерството. Дополнуваат дека најостро ги демантираат ваквите, според нив, невистини кои, како што велат, се пласирани со цел да му се наштети на угледот на министерот Хоџа и да се обезвреднат постигнатите резултати од неговото работење. - Ваквиот срамен чин ние го разбираме само како страв од успехот кој министерот Хоџа го постигна за многу кратко време. Очигледно дека тоа некому му пречи, па се обидува преку груби невистини да нанесе штета не само на министерот туку на целиот сектор земјоделство, кој тој успешно го води. Земјоделците одлично го прифатија, тој за кратко време ја стекна нивната доверба, постојано нагласувајќи дека процесот на унапредување на земјоделството ќе биде воден партнерски, заедно со нив, стои во соопштението. Додаваат дека согласно алатката за отчетност на носителите на јавни функции, сите информации се јавно достапни на веб страната на Владата на РСМ и дека Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство редовно ги доставуваа информациите за финансиските трошоци како и наративните извештаи за активностите на министерот. За случајот во кој од страна на неколку медиуми беше пласирана информација околу трошоците на министерот, како што соопштија од МЗШВ, ќе биде побарана одговорност за штета нанесена на честа и угледот на министерот Арјанит Хоџа, согласно Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета. ар/нд/    

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан