• четврток, 26 декември 2024

МЗШВ: Активно се работи за подигнување на електронскиот систем, базата на Mинистерството е сигурна и етапно се враќа во функција

МЗШВ: Активно се работи за подигнување на електронскиот систем, базата на Mинистерството е сигурна и етапно се враќа во функција
Скопје, 25 септември 2022 (МИА) - Вработените во секторот за информатички технологии на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) активно работат за целосно отстранување на проблемот во електронскиот систем поради хакерскиот напад што се случи на 12-ти овој месец. Поради превенција, во моментот системот е делумно подигнат, односно како се отстрануваат проблемите етапно системот се чисти и се враќа во фунцкија, соопшти МЗШВ. Оттаму упатуваат извинување до граѓните поради неможноста навремено и брзо да ги вршат услугите, а дополнително МЗШВ ќе ја информира јавноста за отстранувањето на проблемот и повторното подигнување на системот. Како што наведуваат од МЗШВ, електронскиот систем на МЗШВ на 12-ти овој месец беше цел на хакерски напад од меѓународна хакерска група „Black Byte“. Нападот предизвика блокирање на редовниот работен процес во Министерството и оневозможување на тековните работни процеси. - МЗШВ уште дента на нападот веднаш ги извести граѓаните, а траснпарентно изминативе денови даде одговор на сите новинарски прашања поврзани со хакерскиот напад, соопшти Министерството. Нападот, како што посочуваат, е пријавен во Министерството за внатрешни работи за понатамошно истражување и постапување, а превентивно поради сериозноста на нападот времено вон функција биле ставени сите системи на Министерството. - Со нападот извршено е оштетување, односно декриптирање на податоци од офис документи (word, excel, pdf), додека пак апликациите на Министерството како на пример ЕРЗС системот, ФАДАН, системот за идентификација на земјоделски парцели и други апликации не се оштетени од овој напад, но превентивно веднаш по нападот беа исклучени и сега повторно се активни. Исто така архивата на министерството е оспособена и истата работи, ниту еден документ не е исчезнат или оштетен, посочуваат од МЗШВ. мс/бк/  

Остани поврзан