• недела, 01 септември 2024

МЗТ Скопје – Работнички во финалето на кошаркарскиот куп

МЗТ Скопје – Работнички во финалето на кошаркарскиот куп
Скопје, 15 мај 2021 (МИА) – Вечните ривали МЗТ Скопје Аеродром и Работнички ќе играат во финалето на кошаркарскиот куп „Благоја Георгиевски – Буштур 2021“. Ова е епилогот по денешните полуфинални средби во кои МЗТ го победи Навико ФМП Академија со 92:72, додека Работнички во многу понеизвесен натпревар славеше над Еуро Никел со 85:79. За тимот од Аеродром утрешното финале ќе биде 14 во купот во обид да дојде до десеттиот трофеј. Работнички по 16-ти пат ќе се бори за куп-трофејот во обид по 11.пат да го освојат трофејот. Финалето е закажано за утре со почеток во 17:30 часот во СРЦ „Кале“ во Скопје. зс/

Остани поврзан