• среда, 25 декември 2024

МЗТ Скопје поведе во финалето со Пелистер

МЗТ Скопје поведе во финалето со Пелистер

Скопје, 18 мај 2024 (МИА) – Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром поведе со 1:0 во финалето на плејофот, откако вечерва на домашен терен го совлада Пелистер со 82:77 (28:23, 22:17, 15:23 и 17:14).

Капитенот на аеродромци, Дамјан Стојановски беше најдобар во победничкиот тим со 16 поени, Душан Танасковиќ реализира 13.

Најефикасни во тимот од Битола беа Јуре Планиниќ со 19, Андреј Маслинко и Александар Костоски дадоо по 16.

Вториот натпревар од серијата на распоредот е во вторник исто така во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје.

Во серијата за третото место, Работнички го победи ТФТ со 85:74 и поведе со 1:0. зс/

Остани поврзан