• четврток, 26 декември 2024

МЗТ Скопје и Магдевски се разделија

МЗТ Скопје и Магдевски се разделија

Скопје, 26 ноември 2022 (МИА) – Македонскиот кошаркарски првак МЗТ Скопје Аеродром ќе ја продолжи сезоната без услугите на репрезентативниот плејмејкер Андреј Магдевски, откако двете страни спогодбено ја раскинаа соработката.

Магдевски дојде во редовите на клубот од Аеродром минатото лето и имаше договор до 2024 година.

- Плејмејкерот минатото лето дојде во нашиот клуб од романскиот тим Плоешти, но по неколку месеци од новата сезона изрази желба за промена на локацијата. Во неколку долги разговори со кошаркарот, дојдовме до заеднички заклучок дека во моментов најдобро за двете страни е да се прекине соработката и да му се овозможи да најде средина во која ќе може уште подобро да се снајде и искаже, соопшти МЗТ Скопје Аеродром.

Магдевски сезонава настапи на седум средби во АБА-лигата со просек од 4,9 поени, 2,7 скока и 5,4 асистенции за 17 минути просечно минати на паркетот, додека во македонската Прва лига на шест натпревари реализираше по 6,5 поени, 4,8 скока и 3,7 асистенции за нешто повеќе од 20 минути во просек. ег/дма/

Остани поврзан