• недела, 01 септември 2024

МЗТ поразен од Широки во АБА-2

МЗТ поразен од Широки во АБА-2
Широки Бријег, 6 февруари 2020 (МИА) - Екипата на МЗТ Скопје вечерва доживеа пораз на гостувањето кај Широки Бријег со 89-77 (47-39) во рамките на 19. коло од АБА 2 лигата. Домаќинот ја контролираше играта во текот на целиот натпревар и во ниту еден момент не ја доведе во прашање својата победа. На крајот на третата четвртина скопскиот тим по серија од 12-4 намали на -2 (56-54), но домаќинот „додаде гас“ во последната и со неколку погодени шутеви од далечина успеаја да ја зголемат и задржат предноста до крајот за убедлива победа. Хиндс со 18 поени беше најдобар во редовите на МЗТ Скопје, а Крстевски реализира 15. Дрежњак со 20 поени беше најефикасен кај победникот. За тимот на Ѓорѓи Кочов ова беше третиот пораз во низа во регионалното натпреварување и ќе води тешка битка за зачувување на второто место и пласман во полуфиналето. МЗТ до крајот на регуларниот дел од сезоната на домашен терен играат со Динамик и Ловќен Цетиње, а гостуваат кај екипата на Нови Пазар.

Остани поврзан