• четврток, 12 февруари 2026

„МЖ - Инфраструктура“ и „Турски државни железници“ потпишаа договор за соработка

„МЖ - Инфраструктура“ и „Турски државни железници“ потпишаа договор за соработка

Скопје, 11 февруари 2026 (МИА) - „МЖ - Инфраструктура“ и „Турски државни железници“ потпишаа договор за соработка, објави на својот фејбук-профил Синиша Ивановски, директорот на „МЖ - Инфраструктура“.

- Потпишавме договор за блиска соработка со „Турски државни железници“. Заедно со колегите од „Македонски железници - Инфраструктура“ имавме работни средби со директорот на „Турските железници“, Вејси Курт, и неговите соработници. „Турските железници“ во областа на инфраструктура имаат сериозен, брз и забележителен прогрес. Меѓу другото, веќе се и сериозен регионален тренинг-центар. Со потпишувањето на договорот, некои од своите капацитети ги ставаат на располагање - пишува Ивановски. 

Размената на искуства и практики, додава Ивановски, во наредниот период ќе биде придобивка за нас. сст/са/

Фото ФБ Синиша Ивановски

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан