• недела, 24 ноември 2024

МЖСПП ќе направат проверки и контроли за точно да се утврдува што се случува во депонијата „Дрисла“, најави Ковачевски

МЖСПП ќе направат проверки и контроли за точно да се утврдува што се случува во депонијата „Дрисла“, најави Ковачевски

Скопје, 15 септември 2023 (МИА) - Премиерот Димитар Ковачевски истакна дека Владата не управува со депонијата „Дрисла“, туку Градот Скопје, но потенцира дека уште денеска ќе разговара со министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова и ресорното Министерство да ги направат контролите и проверите за точно да се утврди што се случува во депонијата.

-Точно е дека Владата не управува со Дрисла. Тоа е комунално претпријатие во рамки на Градот Скопје. Она што Владата може да го направи заради граѓаните на Градот Скопје и на било кој друг надвор од државата, тоа државата ќе го направи. Откако ги добив овие информации, јас планирам уште денеска да имам разговор со министерката за животна средина и во рамки на можностите на МЖСПП тие да ги направат своите проверки и контроли, за да се утврди што точно се случува, рече Ковачевски одговарајќи на новинарско прашање на Скопскиот економски и финансиски форум „SEFF 2023“.

Што се однесува до поддршката на општините, тој потенцира дека како Влада не ги делат општините по тоа кој ги управува со оглед на политиката партија од која доаѓа.

-Ние како Влада докажавме и покажавме со дела дека не ги делиме општините на тоа кој ги управува со оглед на политиката партија од која доаѓа. Тоа може да го видите и во моите настапи и активности кои што ги имам. Ние веќе работиме на привршување на проектот на мостот Љубљанска во Скопје, на реката Вардар којшто го финансира државата. Веќе привршуваат и добро се одвиваат работите на клучката кај Момин поток, која што поврзува значајни делови и сообраќајници во Скопје. Имаме пуштање на неколку градинки во Скопје, рече Ковачевски. фф/ац/

Фото: МИА Архива 

 

Остани поврзан