• петок, 27 декември 2024

МЖСПП: Отворени повици за предлози на проекти EU LIFE 2024

МЖСПП: Отворени повици за предлози на проекти EU LIFE 2024

Скопје, 1 август 2024 (МИА) - Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) информира дека EU CINEA ги објави и роковите за различните повици за 2024 година за предлози на проекти за што се достапни за финансирање во рамки на европската Програмата „Живот“ (LIFE) . Информации за сите рокови, областите и условите за финансирање на проекти  и се достапни на следниот линк: https://cinea.ec.europa.eu/…/life-calls-proposals-2024…

Повиците, како што соопшти МЖСПП, генерално се достапни за сите правни субјекти (јавни институци, научни институции, приватен сектор, граѓански зрдуженија и други согласно објавените повици).

Европската Унија организираше инфо денови за сите повици за 2024 година со цел да го олесни процесот на аплицирање на заинтересираните апликанти. Повеќе информации со достапни видео содржини се достапни на слениот линк: https://cinea.ec.europa.eu/news-events/events/eulife24-info-days-2024-04-23_en

Апликантите кои ќе аплицираат на повиците за Програмата на Унијатa „Живот“ (LIFE) во 2024 година, ќе бидат евалуирани од страна на независни ЕУ евалуатори.

- Европската програмата ,„Живот“ (LIFE) има за цел да ја олесни транзицијата кон одржлива, циркуларна, енергетски ефикасна, заснована на обновливи извори на енергија, климатско неутрална и климатски отпорна економија, согласно Европскиот зелен договор. Се очекува активностите кои ги поддржува оваа програма да придонесат за намалување на емисиите на стакленички гасови и да ја намалат ранливоста од штетните влијанија на климатските промени, да го обноват и подобрат квалитетот на животната средина, вклучително воздухот, водата и почвата, како и да влијаат позитивно и да ја намали загубата на биолошката разновидност и дегардација на природата. Во таа насока има за цел да ја намали и спречи деградацијата на екосистемите, вклучително и преку поддршка на имплементацијата и управувањето со мрежата Натура 2000, најголемата мрежа на заштитени подрачја во Европа, се вели во соопштението. 

Од ресорното министерство нагалсуваат дека првпат земјава со потпишувањето на Договорот за учество во Програмата LIFE (2023 година) обезбеди отворање нови можности за аплицирање за проекти кои ќе ја подобрат нашата животна средина и ќе придонесат кон борбата против климатските промени.

-Договорот за учество на нашата држава во Програмата на Унијата „Живот“ (LIFE) за заштита на животната средина и климатски активности е со временска рамка од 2023 година до 2027 година. За учество во програмата во дадената временска рамка, МЖСПП обезбеди домашна контрибуција за учество, стои во соопштението.

МЖСПП ги охрабрува потенцијални кандидати ги пријават своите идеи во правец на постигнување на зедничките цели за поздрава, почиста и зачувана животна средина. мд/нд/

Фото: МЖСПП

Остани поврзан