• среда, 25 декември 2024

МЖСПП: Заштитата на животната средина не бара само финансии, туку и високо развиена свест

МЖСПП: Заштитата на животната средина не бара само финансии, туку и високо развиена свест

Скопје, 22 ноември 2024 

Министерството за животна средина и просторно планирање и Владата на Република Северна Македонија сериозно работи на унапредување на состојбите во заштитата на животната средина воспоставувајќи мултисекторски и координиран пристап.

Приоритетите на оваа Влада се јасно зацртани и согласно приоритетите креирани се и буџетите. Дополнително максимално сме посветени на привлекување на меѓународни донатори и инвеститори за обезбедување на дополнителни средства за исполнување на зацртаните цели.

Во националните еколошки закони не постои правна категорија даноци, туку зборуваме за надоместоци за животната средина предвидени во еколошките закони.

Преку овие надоместоци за животна средина се прибираат средства во централниот буџет на Република Северна Македонија, освен оние што се уплаќаат на самофинансирачката сметка на Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП). На сметка на МЖСПП се уплаќаат надоместоците за користење на моторни возила и пловни објекти, полагање на испити за управители со отпад, полагање на испити за оценка на влијанието врз животната средина  и стратешка оцена на влијание врз животната средина, надоместоци за биоразградливи кеси и поднесување барања за А или Б Интегрирана еколошка дозвола, за измени или пренос на истите, како и за редовен надзор на инсталациите.

Сите собрани средства по овој основ се враќаат во животната средина и се распределуваа континуирано на годишно ниво преку соодветни програми и тоа: Програма за инвестирање во животна средина, Програма за водите, Програма за фосилни горива,  Годишна програма за финансирање на управувањето со посебни текови на отпад.

Овие програми се основа за континуирано и одговорно вложување во заштита на животната средина. Со јасно дефинирани намени за распределба на средствата, ние обезбедуваме не само финансиски ресурси, туку и конкретни дејствија за постигнување на одржлив развој, систематски напредок кон обезбедување чиста и здрава животна средина во интерес на сите граѓани.

 Но финансирањето во заштитата на животната срдина не се обезбедува само од буџетот на МЖСПП, туку преку низа други комплементарни активности преку други министерства во Владата на Република Северна Македонија.

Обезбедување на чиста вода за секој граѓанин на оваа држава, како и воспоставување на системи за одведување и пречистување на отпадните води го сметаме за еден од врвните приоритети. Ваквите инфраструктурни проекти бараат мултисекторски пристап и имплементација преку повеќе ресорни министерства и институции, бидејќи е незамисливо во 21 век се уште да имаме населени места што немаат основна инфраструктура.  Меѓу нив е и Министерството за животна средина и просторно планирање, а со обезбдување на овие основни потреби на граѓаните директно се влијае на заштита на животната средина и здравјето на граѓаните.

Системски и долгорочно работиме на подобрување на квалитетот на воздухот. Во пресрет на грејната сезона вложивме интензивни напори во креирање на соодветни и применливи краткорочни мерки за намалувањето на загадувањето на воздухот за време  целата сезона како период од годината кога редовно се соочуваме созголемени концентрации на загадувачки сусптанции.  На предлог на Министерството за животна средина и просторно планирање, Владата на Република Северна Македонија, усвои Акциски план со краткорочни мерки за намалување на емисиите на загадувачки супстанции. Направивме виден напредок со изготвувањето на Наредба за воведување на мерки за намалување на емисиите на загадувачки супстанции при надминување на праг на информирање со што претходните мерки и препораки се пдигнаа на повисок степен и задолжителни. Исто така во подготовка е протокол за информирање при надминување на прагот на алрмирање во кој се јасно дефинирани обрските на вклучните институции за постапување и известување.

Исто така, МЖСПП континуирано го одржува Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на воздух кој опфаќа 21 мониторинг станица и една подвижна распределени на територијата на целата држава. Во текот на 2024 година се спроведе постапка за набавка на резервни делови во висина од 3.594.280,00 денари за потребите на Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на воздух, со што ќе се овозможи сервисирање на дел од нефункционалните мерни инструменти. Сервисирање и калибрацијата на инструментите, како комплексен процес за кој е потребно подолго време се спроведуваат континуирано. Дополнително во буџетот за 2025 година предвидени се средства набавка на нова мониторинг станица, која ќе се постави во Штип, со што ќе се финализира процесот на проширување на Државниот мониторинг систем.

Меѓутоа во обезбедување на чист воздух не се располага само срества од буџетот на МЖСПП и на другите министерства. Голем дел од средствата се обезбедени преку меѓународни донатори и ЕУ. Во тек е имплементација на проектот ЕУ за чист воздух, во кој Европската делегација во нашата држава вложува 10 милиони евра за 4 града во државата што во изминатиот период забележаа најголеми скокови на концентарција на загадување на воздухот: Скопје, Куманово, Тетово и Битола. Со проектот ќе се делува на намалување на загадувањето од системите за грење со замена на стари кои неефикасни котли  во 70 јавни установи, ќе се донираат 6 еколошки автобуси на Град Скопје, ќе се засадат 6000 дрвни, ќе поддржи создавање на предуслови за проширување на централното греење во Скопје со изработка на Студија и набавка на инструменти за анализа на тешки метали во концентрациите на ПМ честички за Централната лабораторија.

Исто така, во тек е и проект во соработка со УНДП  во кој се вложени 2.5 милиони американски долари за изработка на студии за пропорционирање на извори на загадување во споментите општини и ажурирање на локалните плановите за справување со аерозагадувањето во 5 општини: Струмица, Куманово, Кавадарци, Гостивар и Струга. 

Голем одлив на финансиски средства имаме и за остварување на другите приоритети, како што е воспоставување на регионален систем за управување со отпад, решавање на историското загадување, заштита на природата и биодиверзитето и друга.

Од тука неможе да стане збор за недоволен ангажман на државата во овој сектор. Од друга страна  заштита на животната средина не бара само финансии, туку бара и високо развиена свест и одговорн однос на сите нас. Работиме посветено со сите расположиви ресурси.

Министерство за животна средина и просторно планирање 

________________________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: МИА архива 

 

 

 

Остани поврзан