• недела, 10 ноември 2024

МЖСПП: Запазена е целата постапка во процедурата на усвојувањето на предлог-законите за Охридското Езеро за Споменик на природа и Студенчишко Блато за Парк на природа

МЖСПП: Запазена е целата постапка во процедурата на усвојувањето на предлог-законите за Охридското Езеро за Споменик на природа и Студенчишко Блато за Парк на природа

Охрид, 16 август 2024 (МИА) – Во однос на Предлог-законот за прогласување на Охридско Езеро за Споменик на природа и Предлог-законот за прогласување на Студенчишко Блато за Парк на природата што се во собраниска процедура пред усвојување, запазена е целата постапка за прогласување согласно Законот за заштита на природа, велат од Министерството за животна средина и просторно планирање.

Во нивното образложение посочуваат дека добиени се позитивни мислења од релевантни државни органи, Националниот совет за природа и одржани се три јавни расправи во општините Охрид и Струга.

Истакнуваат дека МЖСПП постапува и согласно одлуките од 2023 и 2024 година на Комитетот за светско наследство при Конвценцијата за светско природно и културно наследство (УНЕСКО) во кои експлицитно е побарано од државата да ги прогласи Охридско Езеро и Студенчишко Блато за заштитени подрачја, со цел да обезбеди заштита.

Согласно предлог – законите, ЈП „Колекторски систем“ како иден упраувач со заштитено подрачје Споменик на природа – Охридско Езеро и Општина Охрид како иден управувач со заштитено подрчаје Парк на природа – Студенчишко Блато ќе имаат обрска на транспарентен начин да изработат и донесат планови за управување, во кои ќе бидат дефинирани дозволени и забранети активности по зони, што се дел од препораките на Бернска Конвенција. Идните управувачи ќе имаат обрска да воспостават чуварска служба и мониторинг на природното наследство во двете подрачја и да обезбедат нивно интегрално управување и заштита, се наведува во соопштението од Министерството.

Со донесувањето на овие закони од Собранието, додаваат, ќе се овозможи заштита и зачувување на природните вредности на овие подрачја и нивно соодветно долгорочно управување, како и исполнување на целите на Националната стратегија за заштита на природа, исполнувањто на целите ЕУ и Зелениот договор, како и одлуките на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО од 2023 и 2024 година. аб/нд/

фото/МИА

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан