• среда, 25 декември 2024

Меџити: Ја зајакнуваме соработката со граѓанските здруженија, со фокус на примарната здравствена заштита и превенција

Меџити: Ја зајакнуваме соработката со граѓанските здруженија, со фокус на примарната здравствена заштита и превенција

Скопје, 25 август 2023 (МИА) - Министерот за здравство Фатмир Меџити денеска имал средба со претставници на повеќе граѓански здруженија - „ЕСЕ“, „ХЕРА“, Иницијатива за правата на жените од Шуто Оризари и Здружението за поддршка на луѓето кои живеат со ХИВ, „Заедно посилни“.

Како што се наведува во писмената изјава на Меџити, се зајакнува соработката на Министерството и граѓанските здруженија, со посебен фокус на примарната здравствена заштита и превенција.

- Целта е превентивните и куративните програми на Министерството да ги опфатат и поспецифичните потреби на ранливите категории граѓани, како што се лицата со малигни заболувања, активната здравствена заштита на мајки и деца и други актуелни теми за заштита на ранливите категории граѓани, се наведува во соопштението.

Заедничката соработка е во насока на унапредување на процесот на консултација со граѓанскиот сектор, се додава, „особено со засегнатите целни групи при планирање и подготовка на програмите, активно вклучување на граѓански организации во испорачувањето услуги за ранливи групи граѓани, како и поголема проактивност на здруженијата во мониторинг на потребите на овие лица“. бд/са/

Фото: Министерство за здравство

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан