• сабота, 28 декември 2024

Меџити: Немам потреба да одговарам пред никого освен пред претседателот на партијата Таравари

Меџити: Немам потреба да одговарам пред никого освен пред претседателот на партијата Таравари

Скопје, 6 февруари 2024 (МИА) - Министерот за здравство Фатмир Меџити, кој е еден од тројцата министри на Алијансата на Албанците, денеска изјави дека му дава целосна поддршка на, како што кажа, легитимниот претседател на партијата Арбен Таравари, кој најави дека на изборите ќе партијата ќе коалицира со опозициските партии. Запрашан дали ќе го извести претседателот на техничката Влада Талат Џафери дали се чуствува дел од Владата или не, Меџити рече дека тој нема потреба да одговара никому освен на неговата партија и нејзиниот претседател. 

-Немам потреба ни одговорност на никого, освен на мојата партија и на претседателот Таравари, да му одговорам нешто, рече Меџити одговарајќи на новинарско прашање на настан во Министерството за здравство. 

Меџити му го честиташе изборот на Џафери за технички премиер, нагласувајќи ја поддршката што тој му ја дава на Таравари, но рече и дека е посветен лекар и министер и дека така ќе работи до крај.  

- Јас со Таравари сме едно тело, еден дух. Така викам јас, тој исто. Значи цимери, другари, пријатели, професионалци, значи заедно работиме цел живот, невролози, значи секогаш ќе бидам позади него и секогаш ќе бидам поддршка за неговите политики. А посебно затоа што ние најубаво го знаеме здравството, јас и Таравари затоа што сме навистина најмногу засегнати, одговори министерот за здравство.

Меџити рече по препорака на меѓународни пријатели ја поддржале оваа Влада и рекле дека со Владата ќе одат до изборите. 

- Приоритетите што беа на мојот кабинет, тоа што го исполнив досега, вака посветено ќе одам докрај. Тоа што подразбира политички, партиски работи, за тоа одлучуваат органските тела на партијата, одлучува легитимниот претседател на партијата, господинот Таравари и за сѐ што имате политички прашања, во врска со партијата, да се обратите до претседателството и до претседателот Таравари, рече Меџити.

До кога ќе биде министер за здравство, како што посочи, не зависи од него, но до крај ќе биде посветен.

-Тоа што го ветив, како лекар, најнапред би сакал да останам професионалец, лекар - невролог и човек до крај. Јас не претпочитувам политика, ниту партија и ве молам, сите ги молам, крајно време е да ги тргнат рацете и политиките и политичките партии од здравство и од образование, рече Меџити.

Со спојување на Клинички, како што додаде, ќе се видат дела.

- Тоа е завршен процес, се финализираат некои процедури, ќе видите одма по изборите јас ќе ги спојам клиниките и тука веќе овој притисок политички, партиски, ќе има еден крај. Ќе се види крајот. Во тој статус, кога ќе се назначат раководителите на тие клиники, што нема да имаат директори, ќе се назначат, во статусот ќе стои дека е од самиот колегиум. Ќе одам, ако сум јас, на сите состаноци утрешни и ќе барам име што може таа клиника да ја менаџира што е можно подобро, истакна Меџити.

Тој денеска одговараше на новинарски прашања во Министерството за здравство, по потпишување договор за нов ургентен интернистички центар на Токсикологија со две компании. бд/ев/

Фото: МИА 

Остани поврзан