Меџити се сретна со директорот на Секретаријатот на енергетската заедница Артур Лорковски
- Вицепремиерот и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити денеска на барање на директорот на Секретаријатот на енергетската заедница, Артур Лорковски одржал билатерална средба на која, како што оопшти Минитертвото за животна средина и просторно планирање, се дискутирало за Законот за климатска акција, за измените на Законот за животна средина, за Директивата за еколошка одговорност, како и за Националниот план за редукција на емисии.

Скопје, 24 февруари 2025 (МИА) - Вицепремиерот и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити денеска на барање на директорот на Секретаријатот на енергетската заедница, Артур Лорковски одржал билатерална средба на која, како што оопшти Минитертвото за животна средина и просторно планирање, се дискутирало за Законот за климатска акција, за измените на Законот за животна средина, за Директивата за еколошка одговорност, како и за Националниот план за редукција на емисии.
Министерот Меџити информирал дека владината процедура за усвојување на предлогот на Законот за климатска акција е во тек, и дека се работи на адресирање на коментарите и мислењата добиени од институциите за што се одржаа средби со различни институции.
Во однос на постапките за оценка на влијанието врз животната средина, министерот Меџити истакнал дека стои зад решенијата кои не се во спротивност со начелата за заштита на животната средина и биолошката разновидност.
Двајцата соговорници размениле мислења за исполнувањето на Европските барања според Директивата за оценка на влијанието врз животната средина, статусот на Законот за климатска акција и механизмот за мониторинг, известување и верификација на емсии на стакленички гасови, како и други прашања од заеднички интерес.
Меџити и Лорковски, како што е наведено во соопштението, се заложиле за унапредување на веќе добро воспоставената соработка. дма/
Фото: Минитертво за животна средина и просторно планирање