• четврток, 26 декември 2024

Меџити: Приоритет на „Вреди“ е да биде дел од влада ориентирана кон ЕУ и НАТО

Меџити: Приоритет на „Вреди“ е да биде дел од влада ориентирана кон ЕУ и НАТО

Скопје, 30 април 2024 (МИА) – Носителот на листата на кандидати за пратеници на Коалицијата „Вреди“ во Изборна единица 1, Изет Меџити, денеска на прес-конференција порача дека приоритет на албанската опозиција е да биде дел од идна Влада која е ориентирана кон Европската унија и НАТО. Во врска со можното постизборно коалицирање со ВМРО-ДПМНЕ и со условот за уставни измени, Меџити вели во овој момент фокус на „Вреди“ се кампањата и средбите со граѓаните. 

– Ние и порано и сега кажавме дека сме заинтересирани да бидеме фактор за влада, која ќе биде европски ориентирана кон НАТО и ЕУ, за нас тоа е приоритет, но сега сме фокусирани на кампањата, на нашата програма, на контактите со граѓаните, а овие ставови ќе ги разговараме на маса. Нашиот став е јасен, нема дилеми кој е ставот на Влен за евроинтеграции, вели Меџити.

Посочи дека се соочуваат со постојани провокации од страна на Европскиот фронт предводен од ДУИ и на тој начин се обидуваат да ја дефокусираат јавноста.

– Митингот што ние го одредивме во Чаир на плоштад „Скендербег“, тие ист термин одредија на плоштад „Македонија“, а знаеме дека луѓето поминуваат низ таа чаршија. За да се избегнат инциденти ние пролонгиравме еден ден, отидовме во Гостивар, па се вративме во Скопје. Видовте дека дојдоа да провоцираат и да слават пред штабот на Влен. Исто така видовте провокација на Груби пред Општина Чаир, иако овие се парламентарни избори, иако цело време викаат дека фокус им се големите партии, а не Влен, утредента дојдоа во Чаир, каде што имаше провокации од видни членови кон нас, рече Меџити.

Во врска со најавениот завршен митинг на Коалицијата „Вреди“ во Тетово, Меџити рече дека веќе имаат добиено дозвола од Општина Тетово и ќе се одржи.

– Поради нив имаше доста пукање, убавање, ранети и од нивните политики им нанесоа последици на граѓаните и на такви методи мислат. Ние како опозиција како Влен избегаваме провокации, бидејќи ние го бараме гласот на граѓанинот за да му го подобриме животот, а не за да нанесеме вакви тешкотии. Имаме дозвола од Општина Тетово и најавено е во полициска станица за завршниот митинг во Тетово. Но, пред се и над се, ќе биде 8 мај, а пред тоа да биде мирно и позитивно, бидејќи само на тој начин ќе има услови граѓаните да го кажат своето мислење и со својот глас да ги однесат во опозиција, рече Меџити. ра/лв/

Фото: МИА

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан