• вторник, 19 ноември 2024

Меџити од Њујорк: Законот за бранители е провокација, СДСМ и ДУИ имаа доволно време да донесат ваков закон

Меџити од Њујорк: Законот за бранители е провокација, СДСМ и ДУИ имаа доволно време да донесат ваков закон

Њујорк, 22 септември 2024 (МИА) - Првиот вицепремиер и министер за животна средина Изет Меџити во изјава за медиумите дадена во Њујорк вели дека законот за бранители предложен од пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска е провокација и дека нема да се донесе. 

- Мислам дека и СДСМ и ДУИ имаа доволно време да донесат таков закон за осум години и ДУИ да го реши прашањето со припадниците на УЧК во изминатите 20 години. Славјанка Петровска која беше министер за одбрана и која пропагираше и бранеше граѓански концепт, сега е иницијатор на закон за бранителите. Мислам дека тој закон заглави во фиоките на Собранието и дека нема да се донесе бидејќи не мислат ниту на бранителите, ниту на УЧК, туку мислат на себеси, потребна им е магла за да се спасат, изјави Меџити.

Според Меџити, слична провокација е и иницијативата за враќање на споменикот на Ќосето на кружниот тек кај „Ист Гејт Мол“ и хотелот „Континентал“. ев/бак/

Фото: МИА архива

Остани поврзан