• четврток, 26 декември 2024

Меџити: Нема да одиме таму каде што сака да не поведе деструктивната опозиција

Меџити: Нема да одиме таму каде што сака да не поведе деструктивната опозиција

Скопје, 14 септември 2024 (МИА) - Предлог-законот за бранителите е една од иницијативите на деструктивната опозиција ДУИ, и во случајов злоупотребената СДСМ, бидејќи истиот СДСМ до вчера се бореше за граѓански концепт, оцени денеска првиот вицепремиер и министер за животна средина Изет Меџити и додаде дека нема да одат таму каде што сака да ги поведе опозицијата. 

Владата, како што кажа, ќе додели милијарда евра за решавање на конкретни реални проблеми на сите општини и на сите граѓани во државата, и нема да и бидат приоритет такви прашања и воедно нема да дозволи да одиме таму „каде што сака да не поведе деструктивната опозиција“.  

-Во тие осум години додека беа на власт немаа вакви иницијативи за бранителите. До вчера се тепаа за граѓански концепт, имаа албански гласачи, имаат во своите структури и високи функционери Албанци, така што дилемата е зошто им е потребна оваа иницијатива на СДСМ да забега во краен национализам. Но, и оваа тенденција ќе биде како и сите други неуспешни иницијативи за дестабилизација само да се избегне одговорноста, рече Меџити во одговор на новинарско прашање на „Отворените денови“ на InfoTech Academy. 

Прашан дали ВРЕДИ ќе го поддржи законот за бранители, Меџити рече дека во фокусот на Владата е борбата против корупција.

-Фокусот на оваа Влада е борбата против корупцијата која што е канцер за ова општество. Таа борба ќе биде бескомпромисна за враќање на довербата во судството, а главниот  фокус ќе биде и економски развој и стандардот на граѓаните со посебен осврт на децентрализацијата, потенцира Меџити.вј/ар/

Фото: МИА 

 

Остани поврзан