• четврток, 26 декември 2024

Меџити: Мора да се реши прашањето со вработените во здравството кои работат со договор на дело

Меџити: Мора да се реши прашањето со вработените во здравството кои работат со договор на дело

Скопје, 17 декември 2023 (МИА) - Министерот за здравство Фатмир Меџити денеска во изјава за медиумите рече дека мора да се реши прашањето за здравствените работници кои повеќе години работат по договор на дело.  

- Тие работат по пет-шест години со договор на дело, а некои од нив и повеќе години. Затоа прашањето го отворив на седница на Влада минатиот вторник и имавме жолчна расправа со министерот за финансии. Треба да се залагаме овие прашања да ги решаваме и да ги поставиме на прав пат. Едвај ја чекам новата седница на Влада во вторник да видам кои се размислувања и што понатаму, истакна Меџити, одговарајќи на новинарски прашања. 

Како што рече, здравството е во тешка состојба и треба да се почне да се работи. Според него, прашањата не може да се решат преку ноќ, но потребна е добра реорганизација во здравството. мт/бак/

Фото: Принтскрин

 

 

 

 

Остани поврзан