• среда, 25 декември 2024

Меџити: Здравствените установи по Нова година на испразнетите места ќе вработуваат со одговорност и согласност од Министерството за здравство

Меџити: Здравствените установи по Нова година на испразнетите места ќе вработуваат со одговорност и согласност од Министерството за здравство

Скопје, 22 декември 2023 (МИА) – Здравствените установи по Нова година на пензионираните и испразнети места, ќе можат да вработуваат нов кадар, со одговорност и согласност од Министерството за здравство.

Согласности за вработувањата во здравство повеќе нема да добиваме од Министерството за финансии, потврди денеска министерот за здравство Фатмир Меџити.

Одговарајќи на прашања за здравствените работници со договор на дело, по посетата на Детската клиника „Козле“, Меџити рече дека министерствата за здравство и за финансии се уште ги усогласуваат бројките и понатаму, како што нагласи, за постапките заедно ќе се договорат за овие вработувања.

- Ова е единствената мерка да ја спречиме таа миграција на лекарите и во приватните болници и надвор од државата. Знаете, еден здравствен работник за да стане специјалист или супспецијалист треба најмалку 40 години од животот да поминат и ваков професионален кадар многу чини и ние тука сме, ќе истраеме до крај, изјави Меџити.

Како сериозни политичари, нагласи Меџити, мораме да најдеме решение за овие здравствени работници кои веќе како што знаете по 4-5 години работат со договор на дело и да го решиме веќе ова. аа/мд/

Фото: МИА

Остани поврзан