• сабота, 23 ноември 2024

Меџити за уставните измени и информацијата дека Албанија на патот кон ЕУ ќе се одвои од земјава: Остануваме посветени на евроинтеграцијата

Меџити за уставните измени и информацијата дека Албанија на патот кон ЕУ ќе се одвои од земјава: Остануваме посветени на евроинтеграцијата

Скопје, 26 септември 2024 (МИА) - Остануваме посветени на евроинтегративниот пат, рече денеска првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити, одговорајќи на новинарско прашање во врска со ставот на „Вреди“ и Владата по информацијата од Брисел дека Албанија на патот кон ЕУ ќе се одвои од земјава за која услов се уставните измени.

-Прво да почекаме официјални информации. Владата и „Вреди“ остануваат посветени на ова прашање кое е еден од врвните приоритети во нашите политики. Се надевам дека брзо ќе најдеме решение, истакна Меџити на прес-конференција.

Комитетот на постојаните претставници на владите на земјите членки во Европската Унија (КОРЕПЕР) донесе одлука Албанија на 15 октомври да го започне преговарачкиот процес за членство во ЕУ по поглавја, со отворање на преговорите по Кластерот 1 – „Основи вредности“, потврди за МИА унгарското претседателство со Советот на ЕУ. 

Со ваквата одлука за одржување на Меѓувладина конференција ЕУ-Албанија на 15 октомври и старт на преговорите по Кластерот 1, Албанија ќе биде раздвоена од земјава на европскиот пат. Во Кластерот 1 – „Основи вредности“ се вклучени поглавјата Набавки, Статистика, Судство и Основни права, Правда, Слобода и Безбедност и Финансиска контрола. мч/са/

фото/видео: МИА

Остани поврзан