• среда, 25 декември 2024

Меџити за излегувањето на Тачи од Европскиот фронт: Тие не се споија идеолошки, туку за да опстанат на политичката сцена

Меџити за излегувањето на Тачи од Европскиот фронт: Тие не се споија идеолошки, туку за да опстанат на политичката сцена

Скопје, 4 октомври 2024 (МИА) - Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити, кој е дел од коалицијата Влен, коментирајќи го излегувањето на Мендух Тачи од Европскиот фронт предводен од ДУИ, рече дека партиите во овој фронт не се споиле иделошки, туку за да опстанат на политичка сцена. 

Во изјава за медиумите дадена денеска во Арачиново, Меџити рече дека нема информација дека се преговара со Тачи за негово преминување во Влен. 

- Јас лично немам такви преговори. Како што и најавив пред некој месец, тие не се споија идеолошки или за повисоки цели, туку како да опстанат на политичката сцена, изјави Меџити. 

Прашан дали планираат да преговарат со пратници од ДУИ за да преминат на страната на Влен, Меџити најави дека во наредниот период ќе има повеќе информации за тоа. бак/aa/

Фото: Принтскрин

Остани поврзан