• сабота, 23 ноември 2024

Меџити: Досега никој не бил исклучен од партијата, кога ќе биде донесена одлуката ќе се изјасниме

Меџити: Досега никој не бил исклучен од партијата, кога ќе биде донесена одлуката ќе се изјасниме

Скопје, 21 март 2023 (МИА) - Потпретседателот на ДУИ и предводник на „огнената група“ Изет Меџити истакна дека е изненаден од пораките на партискиот лидер Али Ахмети од синоќешниот митинг во Чаир. Првиот вицепремиер Артан Груби од митингот порача дека „не можеш да го прегазиш возот“, а Ахмети дека „не се воз туку незапирлив ураган, кој може да ги збрише оние кои излегуваат пред него“.

Меџити во гостување на Телевизија Клан Македонија ја коментираше и можноста тој ти неговите приврзаници да бидат исклучени од ДУИ. Рече дека досега не се случило некој да биде исклучен од партијата, но, како што посочи, тогаш кога ќе биде донесена одлуката тогаш ќе одлучат како ќе постапат.

-Може дури и да не исклучи. Се шушкаше и дека на митингот јавно ќе не исклучи. Но, ние ќе се изјасниме кога ќе биде донесена одлуката. Засега бараме расправата да се врати таму каде што треба. Во овие 22 години не знам дали исклучил некој. Ако тоа се случи, тоа ќе биде новина во ДУИ и уште еднаш ќе покаже дека ДУИ се сменила, оти не е она од минатото. Затоа не верувам во ова. Ќе ја продолжиме нашата борба со аргументи до граѓанинот, до гласачот. Убедени сме дека ќе излеземе како победници, изјави Меџити.

За подадената рака за помирување од Груби, потпретседателот на ДУИ вели дека е „исцеден корен“. Според Меџити, и самиот Груби не верува во тоа што го кажува.

-Заборава дека јас бев ДУИ кога тој беше против ДУИ и кога не беше ДУИ и кога беше во невладината „Разбуди се“, му помогнав… Од една страна подава рака, а од друга го разрешува заменик министерот Башким Хасани. Сменети се државни секретари, директори… го врати чувството на диференцијација, рече Меџити.фф/са/

Фото: МИА Архива

 

 

Остани поврзан