• недела, 16 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Меџити: Без различка чија ингеренција е, ќе помогнеме за депонијата што гори во Липково

Меџити: Без различка чија ингеренција е, ќе помогнеме за депонијата што гори во Липково

Скопје, 15 март 2025 (МИА) - Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити денеска изјави дека без разлика чија ингеренција е, ќе помогнат за депонијата што гори во Липково десетина дена.

Тој рече дека ќе излезат в пресрет и на општините и на граѓаните.

- Во наредниот период, денови се во прашање, кога ќе бидеме сведоци на отпочнување прво Свети Николе, работиме интензивно и за Битола, работиме и на другите регионални депонии. Нема да застанеме тука. Работиме и во втората фаза - рециклирање, што е најбитно во однос на депониите, одговори тој на новинарско прашање за регионални депонии што одамна се најавуваат.

Меџити одговараше на новинарски прашања за време на посетата на општина Студеничани. бд/aa/

Фото и видео: Влада

Остани поврзан