• понеделник, 29 јули 2024

Меџити-Рид: Обединетото Кралство дава поддршка за капитални инвестиции во нашето здравство

Меџити-Рид: Обединетото Кралство дава поддршка за капитални инвестиции во нашето здравство

Скопје, 1 декември 2023 (МИА) - Работната посета на Обединетото Кралство, министерот за здравство Фатмир Меџити ја заокружил со средба со директорот на Агенцијата за извозни кредити на Владата, Тим Рид. Повод за овој работен состанок, како што денеска соопштија од Министерството за здравство (МЗ), било дефинирање на начинот за финансирање на проектот за изградба на новиот Универзитетски клинички центар. 

- Обединетото Кралство го поддржува извозот за компании со која било големина и во сите индустрии, од капитални добра до услуги и нематеријални добра како интелектуална сопственост, се наведува во соопштението на МЗ.

Оттаму потсетуваат дека изминативе денови, за планирањето на следните активности за новиот клинички центар, Меџити остварил средби и со специјалниот претставник на премиерот на Обединетото Кралство за трговија со Западен Балкан, Мартин Викерс, главниот оперативен директор на „International hospitals group“ (IHG), Симон Ешворт, заменик-шефот на Одделот за здравство во Министерството за бизнис и трговија, Дејвид Шепард, како и со министерот за извоз, оддел за бизнис и трговија, Лорд Малколм Офорд од Гарвел. бд/цр

Фото: Министерство за здравство

Остани поврзан