• сабота, 23 ноември 2024

Меѓу земјите-членки на ЕУ, Луксембург има највисок БДП по глава на жител, а Бугарија има најнизок

Меѓу земјите-членки на ЕУ, Луксембург има највисок БДП по глава на жител, а Бугарија има најнизок

Брисел, 19 јуни 2024 (МИА) - Европската статистичка служба Евростат денеска објави дека БДП по глава на жител, мерка за економската активност, значително се разликува меѓу земјите-членки на ЕУ.

Во Луксембург, според податоците за 2023 година, БДП по глава на жител е за 139 отсто над просекот на ЕУ, по што следат Ирска (111 отсто) и Холандија (30 отсто).

Други осум земји имаат повисок БДП по глава на жител од просекот на ЕУ - Данска, Австрија, Белгија, Германија, Шведска, Финска, Малта и Франција.

Бугарија има најнизок БДП по глава на жител, 36 отсто под просекот на ЕУ, потоа Грција (33 отсто) и Летонија (29 отсто). рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан