• сабота, 23 ноември 2024

Меѓународни фестивали „Сакс-клар“ и „Пијанофест“ во Битола

Меѓународни фестивали „Сакс-клар“ и „Пијанофест“ во Битола
Битола, 8 јуни 2022 (МИА) - Меѓународниот фестивал на кларинет и саксофон „Сакс-клар“ и меѓународниот фестивал на пијано „Пијанофест“ годинава во Битола се исполнети со уметници од државите на Балканот и Турција. Од ЈОУ Културно-информативен центар - Битола информираат дека утре и в петок ќе се одржи фестивалот „Сакс-клар 2022“, а за време на викендот во палата на културата Офицерски дом ќе се одржи „Пијанофест 2022“. - На петтото издание на „Сакс-клар“ концерти ќе одржат дуото Спире Јовановски - кларинет и Верица Дивитарова - пијано, како и дует Горан Трајковски - саксофон и пијанистката Маја Божинова. Меѓународниот пијано-натпревар во пијанино ќе го отвори младиот талент Гоце Златев, а за награди ќе конкурираат 80 кандидати од нашата држава, како и од Албанија, Србија, Косово, Турција, Црна Гора и Бугарија. Натпреварот ќе се одвива во дисциплините пијано соло и пијано дует. Учесниците ќе бидат распределени во 12 различни категории на возраст од 6 до 22 години, а ќе ги оценува стручно жири во состав Драгомир Братиќ од Србија, Кристина Петролари Ласо од Албанија, Дини Имери од Северна Македонија и Лилјана Вукелија од Србија, информираа од ЈОУ КИЦ - Битола. Натпреварот е во организација на здружението на пијанисти и музички педагози „Пијано“ од Битола, со поддршка од Министерството за култура и Општина Битола. мт/ки/

Остани поврзан