• четврток, 26 декември 2024

Меѓународните турнири во пинг -понг и голбал за спортисти со телесен инвалидитет и лица со оштетен вид во Скопје

Меѓународните турнири во пинг -понг и голбал за спортисти со телесен инвалидитет и лица со оштетен вид во Скопје
Скопје, 26 ноември 2022 (МИА) – Во средното училиште „Михајло Пупин“во Скопје, денеска беше отворен меѓународниот турнир во пинг - понг за спортисти со телесен инвалидитет и во голбал за лица со оштетен вид. Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, во поздравното обраќање истакнала дека Градот Скопје е поддржувач на многубројните активности на здруженијата на лица со телесен инвалидитет и со оштетен вид во насока на унапредување и подобрување на нивното секојдневно функционирање. - Градот Скопје е силна поддршка во активностите за интеграција и подигнување на свеста во општеството за лицата со попреченост. Поддршката на здруженијата на лица со телесен инвалидитет  и со оштетен вид во насока на унапредување и подобрување на нивното секојдневно функционирање е еден од приоритетите во мојата програма. Работиме на подобрување на квалитетот на живот на лицата со телесен инвалидитет од здравствен, социолошки, образовен, културен и економски аспект. Многу е важно спортистите со телесна инвалидност да вежбаат и да тренираат, да се дружат и социјализираат и да се дел од спортскиот живот на Скопје, потренцирала Арсовска. Како што информираат од Град Скопје турнирот во пинг-понг за спортисти со телесен инвалидитет е во организација на Здружението Мобилност Скопје, а меѓународниот турнир во голбал е во организација во организација на Спортско здружение на слепи и слабовидни ФЕНИКС од Скопје. На турнирите учестуваат спортисти од Република Северна Македонија и од неколку соседни држави. Град Скопје финансиски ги поддржува двата меѓународни турнира. свс/дма/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан