• недела, 24 ноември 2024

Меѓународниот фолклорен фестивал „Фолклорен мост“ по 18 пат во Струга

Меѓународниот фолклорен фестивал „Фолклорен мост“ по 18 пат во Струга

Струга, 26 јули 2024 (МИА) - Седум културтно уметнички друштва од Македонија и соседна Србија ќе настапат на 18. издание на Меѓународниот фолклорен фестивал „Фолклорен мост“ што утревечер ќе се одржи во Паркот на поезијата во Струга, во организација на Центарот за култура „Браќа Миладиновци“.

Според, Љупчо Милошески, кореограф во КУД „Илинден“ и дел од организацскиот тим, градот на мостовите и годинава ќе биде „мост“ на различни култури и традиции.

- Годинава ќе може да уживаме во програмата подготвена од страна на домаќините, КУД „Илинден“, како и нашите пријатели од Вевчани, Кичево, Крива Паланка, Битола и две друштва од соседна Србија, ифнормира Милошески.

Tрадиционално, манифестацијата ќе почне со свечено дефиле на учесниците низ градот, а покрај домаќинот КУД „Илинден“, учество ќе земат и културно уметничките друштва „Дримкол“ од Вевчани, „8-ми Октомври“ од Крива Паланка, „Гоце Делчев“  и ансамбал  „Божилак“ од Битола, како и фолклорните друштва „Бранко Радичевиќ“ и „Цариброд“ од соседна Србија.

Фестивалот е поддржан од Министерството за култура и туризам и од категоријата проекти од национален интерес. сс/сст/

Остани поврзан