• петок, 27 декември 2024

Меѓународниот суд на правдата во Хаг ќе расправа за тужбата на Украина за руската агресија

Меѓународниот суд на правдата во Хаг ќе расправа за тужбата на Украина за руската агресија

Хаг, 6 јуни 2023 (МИА) – Во правна постапка што денеска треба да почне Меѓународниот суд на правдата (МСП) во Хаг ќе ја разгледа и сослуша тужбата на Украина против руската агресија во источна Украина.

Украина поднесе тужба против Русија во 2017 година, долго пред актуелната војна, заради нејзината поддршка на проруските бунтовници во регионот на Донбас и заради угнетување на неруското население на Крим.

Судењето денеска почнува во контекст на сеопфатната инвазија на Москва на Украина пред 16 месеци.

Киев ја обвинува Русија дека ги поддржува сепаратистите во Донбас со оружје и пари, а со тоа ја прекршила Меѓународната конвенција за сузбивање на финансирањето на тероризмот усвоена од Обединетите нации.

Москва ги отфрла обвинувањата.

Украина денеска треба да биде првата странка во спорот што ќе ги презентира своите докази. Во четврток ќе се претстават правните претставници на Русија.

Одлуките на МСП се правно обврзувачки. сд/

Остани поврзан