Меѓународна организација за миграција: Најмалку 8.938 луѓе го загубија животот на миграциските рути низ светот
- Најмалку 8.938 луѓе го загубија животот на миграциските рути низ светот во 2024 година, што ја прави најсмртоносната година во историјата, покажуваат новите податоци на Меѓународната организација за миграција (ИОМ) во рамките на системот на Обединетите нации.

Берлин, 21 март 2025 (МИА) - Најмалку 8.938 луѓе го загубија животот на миграциските рути низ светот во 2024 година, што ја прави најсмртоносната година во историјата, покажуваат новите податоци на Меѓународната организација за миграција (ИОМ) во рамките на системот на Обединетите нации.
Бројот на загинати во 2024 година го продолжува петгодишниот тренд на зголемување на смртните случаи секоја година, а минатогодишниот биланс го надмина претходниот рекорд поставен во 2023 година, кога беа регистрирани 8.747 смртни случаи на мигранти, соопшти ИОМ.
„Трагедијата поради зголемениот број на смртни случаи на мигранти ширум светот е и неприфатлива и може да се спречи. Зад секој број стои човечко суштество, некој за кого загубата е поразителна“, рече заменик-генералниот директор за операции на ИОМ, Угочи Даниелс. рп/
Фото: МИА архива