• сабота, 23 ноември 2024

Меѓународна научна конференција „Подобро шумарство, за подобри шуми, за подобра планета“

Меѓународна научна конференција „Подобро шумарство, за подобри шуми, за подобра планета“
Скопје, 15 јуни 2022 (МИА) - Во организација на Факултетот за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем“ (ХЕФ), денеска и утре во Скопје ќе се одржи Меѓународна научна конференција „Подобро шумарство, за подобри шуми, за подобра планета“, по повод 75 години постоење на факултетот. На конференцијата најавени се обраќања на ректорот на Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ Никола Јанкуловски, на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски и на деканот на ХЕФ Кирил Сотировски. На дводневниот меѓународен форум ќе учествуваат научници од земјава и од 40 држави од регионот, Европа и пошироко. вг/нд/

Остани поврзан