• четврток, 26 декември 2024

Меѓународна научна конференција „Македонска книжевна архива: од ракопис до дигитална култура“

Меѓународна научна конференција „Македонска книжевна архива: од ракопис до дигитална култура“
Скопје, 29 јуни 2021 (МИА)  - Меѓународната научна конференција „Македонска книжевна архива: од ракопис до дигитална култура“ денеска ќе биде отворена во Куршумли ан. Конференцијата се одржува по повод 40 години од основањето на Институтот за македонска литература при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и 100 години од раѓањето на Блаже Конески.
Како што е најавено, на отворањето ќе се обратат претседателот Стево Пендаровски, министерката за образование и наука Мила Царовска, ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје проф. д-р Никола Јанкуловски, директорот на Институтот за македонска литература проф. д-р Маја Јакимовска-Тошиќ и амбасадорот на Република Словачка во земјава Хенрик Маркуш.
Предвидена е промоција на монографијата „The Ethical and Axiological Aspects in the Literature and the Culture of the 20th and 21st Centuries“. Промотор на делото е проф. д-р Ана Мартиноска.
Конференцијата ќе се одржува денеска и утре на отворен простор во Скопје и онлајн, согласно со состојбата со пандемијата Ковид-19.  Конференцијата е поддржана од Министерството за образование и наука, Турскиот културен центар „Јунус Емре“ во Скопје и Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“ во Скопје. мд/са/

Остани поврзан