• петок, 27 декември 2024

Меѓународната помош за Украина достигна 15 милијарди долари

Меѓународната помош за Украина достигна 15 милијарди долари
Киев, 3 март 2022 (МИА) - Меѓународната финансиска, техничка и хуманитарна помош обезбедена за Украина изнесува повеќе од 15 милијарди долари, соопшти прес-службата на Народната банка на Украина. „Народната банка проценува дека вкупниот износ на меѓународна финансиска, техничка и хуманитарна помош е над 15 милијарди долари, од кои над 5 милијарди долари се директно за буџетот“, се вели во соопштението на регулаторот.

Прес-службата истакна дека западните партнери и меѓународните организации „се обврзаа да одвојат значителни суми за зајакнување на одбранбените капацитети на Украина и поддршка на нејзината економија“.

„Конкретно, ЕУ ќе обезбеди 1,2 милијарди евра макрофинансиска помош за Украина. Групата на Светска банка исто така реагира. Се очекува финансирање од ММФ. Значителен број земји најавија поддршка“, се вели во соопштението на Народната банка. паг/

Остани поврзан